Наши Услуги
Доколку познавате лице со попречености на кое му треба социјализација или сте возрасно лице и Ви треба помош – Ние сме тука за Вас
ПРОГРАМА ЗА АСИСТЕНЦИЈА, ПСИХО-СОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА НА ЛИЦА СO ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТИ И ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ
Со оваа програма придонесуваме за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и лицата со посебни потреби, за независно и самостојно извршување на дел од секојдневните активности, нивна социјализација и учество во општественото живеење.
Преку низа на активности и поддршка од стручниот тим на здружението, корисниците во Дневниот Центар се вклучени во прилагодени развојни програми согласно индивидуалните потреби и капацитети.
ПРОГРАМА ЗА АСИСТЕНЦИЈА, ПСИХО-СОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА ЗА СТАРИ ЛИЦА
Ефикасен начин да се подржат старите лица е преку секојдневните активности да придонесеме кон нивно здраво и активно стареење. Во одредени ситуации старите лица можат да бидат особено ранливи, но исто така, тие се вреден ресурс за своите заедници тогаш кога се соодветно вклучени во општествениот живот.
Програмата предвидува разивање на вонинституционална грижа за старите лица односно дневно згрижување, во вид на дневен престој, психолошка поддршка, исхрана, одржување на лична хигиена, организирање на културно-забавни и работни активности.
Во Дневниот Центар се организираат активности на различни теми со кои старите се чуствуваат активни и исполнети, извршувајќи активности за кои во текот на работниот животен век можеби имале желба, но не и време да ги извршуваат. Овие активностите треба да придонесат кон зајакнување на чувството на сигурност и корисност.
ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ДОБРОТОЉУБИЕ ПРИ ЦРКВА СВ.ГЕОРГИЈ,ОХРИД
За подобрување на управувањето со организацијата, креирање на програмски планови и развојни проекти, неопходна е и континуирана развојна програма за зајакнување на капацитетите на здружението.
Преку спроведување на оваа програма ќе има поефикасно делување на организацијата, остварување на дефинираните планови и активности како и едуцирање на тимот, соработниците, поддржувачите и пошироката јавност.