Политика на приватност
Политиката за приватност на личните податоци на веб-страницата го уредува начинот на кој Здружението Добротољубие 2014 од Охрид ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (поединечно – „Корисник“) на https://dobrotoljubie.org веб-страницата („Страна“). Оваа политика за приватност се однесува единствено за веб-страницата.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Здружението Добротољубие 2014 од Охрид со седиште на Ул. Питу Гули 366 Охрид Република Северна Македонија.
На кој начин се врши обработката на личните податоци?
Обработката на Вашите лични податоци Здружението Добротољубие 2014 ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
Кои информации ги собираме?
За време на посетата на интернет страната, Вашата приватност целосно се почитува. Здружението Добротољубие 2014 ги собира следниве податоци при посета на страницата:
Лични идентификациски информации
Ние може да собираме лични идентификациски информации од корисниците на разни начини, а во врска со активностите, услугите, карактеристиките или достапните ресурси на страницата. Корисниците може да ја посетат страницата и анонимно.
Идентификациски информации што не се лични
Ние може да собираме и идентификациски информации за корисниците што не се лични, секогаш кога ја посетуваат страницата. Идентификациските информации што не се лични може да ги вклучуваат Вашата интернет протокол (IP) адреса, уредот од кој пристапувате, вид и модел, Вашиот оперативен систем, името на пребарувачот на интернет, страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна, испорачувачот на интернет-услугата и слични информации.
Колачиња на пребарувачот на интернет
Нашата страница може да користи колачиња за да се подобри корисничкото искуство и овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач при следната посета на интернет страната. Пребарувачот на интернет корисникот ги чува колачињата на неговиот компјутер заради цели на чување записи за посетите на страницата. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон Корисниците може да изберат да ги наместат своите пребарувачи на интернет да ги одбијат колачињата или да јават предупредување секогаш кога ќе се пратат колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено. Условите за користење на колачиња на нашата страна е во временски период од еден месец што значи дека доколку ја отворите страната повторно треба да кликнете „се согласувам“ или „не се согласувам“.
Аналитика на „Гугл“
Страницата користи аналитика на „Гугл“ за да помогне во анализа на начинот на користење на страницата од корисниците. Оваа алатка користи колачиња. Генерираните информации од колачињата за вашето користење на страницата (вклучително и ИП адресата) се проследуваат до „Гугл“. Овие информации се користат за да се евалуира користењето на страницата од корисниците и за да се направат статистички извештаи за активноста на страницата.
Ние нема (ниту ќе им дозволиме на третите страни) да ја користиме статистичката аналитичка алатка за следење или за собирање на кои било лични идентификациски податоци на корисниците на нашата страница. „Гугл“ нема да ја придружи вашата ИП адреса со кои било други ваши податоци што се чуваат во „Гугл“.
Како ги собираме личните податоци?
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
- преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;
- преку нашиот email: info@dobrotoljubie.org
- преку пошта.
Како ги користиме собраните информации?
Здружението Добротољубие 2014 ги собира и користи информациите од корисниците за да ја фасцилитира помошта, обуката, активностите и теренската активност со главна цел да им помогне на оние на кои им е помошта најпотребна.
Личните информации, не ги продаваме, разменуваме или изнајмуваме на трети лица. Личните податоци може да се откријат само во согласност со законските прописи наведени во регулативата за заштитата на личните податоци, како и другата важечка регулатива.
Веб-страници на трети лица?
Корисниците може да најдат реклами или друга содржина на нашата страница, кои водат кон други страници и сервиси на наши партнери, донатори, и други трети лица. Ние не ја контролираме содржината или врските што се присутни на тие страници и не сме одговорни за постапките на вработените од страниците што се поврзани кон или од нашата страница.
Политика за приватност на личните податоци само за веб-страницата
Оваа политика за приватност на личните податоци се однесува само за информациите што се собираат преку нашата веб-страница и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини.
Промени во политиката за приватност на личните податоци
Здружението Добротољубие 2014 има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на главната страница на веб-страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница.
Прифаќање на условите
Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од политиката за приватност на личните податоци на страницата. Доколку не се согласувате со политиката, ве молиме не користете ја нашата страница.
Контактирајте не
Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност на личните податоци на Страната, практиките или комуникацијата со Страната, ве молиме контактирајте не на:
Е-маил: info@dobrotoljubie.org