ДНЕВЕН ЦЕНТАР ДОБРОТОЉУБИЕ
Дневниот центар на Здружението Добротољубие 2014 има за цел социјализација и интеграција на лицата со посебни потреби, интелектуална попреченост и старите лица.

Во Центарот се обезбедуваат услуги за најмногу 40 корисници, со што се овозможува дневно згрижување, исхрана, спроведување на индивидуални и тимски активности и социјализација на корисниците од страна на стручен тим.
Се споведуваат едукативни и креативни работилници, индивидуални планови за развој, изработка на различни ракотворби, прошетки и екскурзии, едукации за хигиена и здрави навики како и други сродни активности во зависност од потребите на корисниците.
За корисниците организирано е доаѓање и враќање.
Од почетокот па се до сега имаме поддршка и соработка со Реновабис-Германија, Православната црква-Охрид, Католичката црква-Охрид, Општина Охрид, Црвен Крст-Охрид, ГП Ремис-Охрид, Кадмо-Охрид, ЕЛ-МА Охрид, Хотел Силекс-Охрид, АД Галеб Охрид, Маркети Тамаро, индивидуалци и многу др.
Сакате ли да станете дел од нашите помагачи и да дознаете повеќе за можностите за помош
Наши Подджувачи
Ги охрабруваме сите општествено одговорни компании да не пoсетат и да помогнат на најранливите
Разубавете го денот на нашите корисници. Дојдете и поминете еден ден со нас.
