Црква Св.Георгиј-Охрид

Епархија:  Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво: Охридско
Парохија: Петта охридска
Изградба: 1834 година
Општина: Охрид
Држава: Македонија

Црквата Свети Георгиј е изградена во 1834 година, а камбанаријата е изградена во 1950 година. Дел од фрескоживописот е од тој период, во преродбенски стил, додека наосот (бродот) на црквата е фрескоживописан од Ѓорѓи Крстевски од Охрид, а олтарот е живописан од Драган Ристески од Охрид. Покрај црквата во XX век, од западната и јужната страна, изградени се затворени тремови. На јужната страна, покрај тремот, во 1984-5 година изградена е крстилница со фрескоживопис од уметникот Драган Ристески. Во дворното место на црквата изградени се канцеларии за свештениците и народна трпезарија за 200 луѓе, која се употребува и за одржување на веронаука. Истата е изградена во 1990 година и осветена од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Црквата се наоѓа во источниот (горниот) дел на градот, на крајот на населбите Расадник и Горна Влашка Маала.

church st. georgija ohrid

Поддржано од

renovabis logo