Католичка црква „Свети Кирил и Методиј и Свети Бенедикт“

Изградба: 1939 година
Општина: Охрид
Држава: Македонија

Во еден од најубавите градови во Македонија и пошироко, во Охрид, во близина на крајбрежјето на Охридското Езеро се наоѓа Католичката Црква која е посветена на тројцата заштитници на Европа, словенските апостоли браќата св. Кирил и Методиј и св. Бенедикт.
Како црквена заедница односно како филијална црква постои од 1939 година и е во склоп на битолската парохија Пресвето срце Исусово.

Во тој период за католиците во Охрид и околните места се грижат свештениците лазаристи од Битола. Покрај многуте свештеници кои служеле во Битола и Охрид, би се истакнале следниве: Отец Петар Ташев, отец Андреј Лукан, отец Јанез Смолич, дон Бранко Дорчиќ, отец Драго Покорн и последниот од низата на свештениците лазаристи отец Ристо Делијанов.

 

Catholic Church Sts. Cyril & Methodius and St. Benedict
Catholic Church Sts. Cyril & Methodius and St. Benedict

Кон крајот на деведесеттите години од минатиот век односно 1997 година почна изградбата на нова црква и Пасторален Центар која се заврши 2000 година. Осветена е на 28 октомври 2007 година од страна на кардиналот Винко Пулиќ.

На 02.09.2003 година во Охрид доаѓаат од Загреб двајца исусовци од Хрватската провинција, отец Стјепан Кушан и отец Сречко Цетиниќ и ја преземаат духовната грижа на Католичката црква и Пасторалниот Центар. Тие остануваат до 2010 година кога од нив ја презема службата о. Оливер Тантушев кој е сегашен парох на црквата.

Во склоп на Католичката Црква во Охрид постои и Пасторалниот Центар кој почна да работи есента 2003 година. Овој Пасторален Центар е место каде што првенствено се организираат и одржуваат духовни програми за различни групи на луѓе. Тоа се групи на луѓе кои ја опфаќаат пред се младината, постари личности, брачни парови и парохииски активисти. Средиштето на овие духовни средби е молитвата и светата евхаристија. И затоа овие средби, дружења имаат за цел не само физичко рекреирање во Охрид, туку првенствено подобро запознавање на верата и духовните вредности.

 

Поддржано од

renovabis logo