Посета на дневниот центар Добротољубие и доделување Новогодишни пакетчиња на корисниците од страна на Општина Охрид – Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид , секретарот на општината Александар Китески, раководителот на секторот за образование,детска,здравствена и социјална заштита Димитар Спасески и претседателот на советот на Општината Сашо Донев.
Им благодариме за поддршката која ни ја даваат и секогаш ни излегуваат во пресрет. Секоја помош за лицата со попречености и старите лица е од големо заначење,не само за нив туку и за нивните фамилии 🙏🙏🙏