ЗДРУЖЕНИЕ ДОБРОТОЉУБИЕ 2014 ПРИ ЦРКВА СВ.ГЕОРГИЈ, ОХРИД

Добротољубие при Црква Св.Георгиј, Охрид е здружение на граѓани кое е основано во 2004 година и има за цел да ги подобри условите за живот на луѓето со посебни потреби, интелектуална попреченост и старите лица преку различни активности, обуки и програми. Здружението се труди да ги интегрира овие лица во општеството и да им овозможи да живеат доволно автономен и квалитетен живот.

Проектот е започнат со работа во 2005 година во просториите од салата во црквата Св.Георгиј-Охрид кои простории се адаптирани според условите што се потребни за овие лица. Првично проектот започна со лицата со попречености во 2005 година. Сето тоа го изреализираа Отецот Стјепан Кушан од Католичката црква во Охрид и Отецот Диме Кочовски од црквата Св.Георгиј-Охрид со поддршка од Бискупот Киро Стојанов .Проектот првично функционираше преку ЈРС-Скопје и сите донации се реализираа преку оваа служба.

rabotilnica
our group

Здружението Добротољубие2014-Охрид се оформи во 2014 година, за во 2015 година самостојно да почне да функционира и сите активности и донации да се реализираат преку него .Финансиски сме поддржани од Реновабис од Германија кои не финансираат од самиот почеток. Во 2021 година покрај проектот за лица со попречености започна со работа и проектот за стари лица откако увидовме дека во Охрид има потреба од ваков вид на проект. Овој проект има двајца супервизори и тоа Отец Димче Ѓорѓиески од Православната црква, кој воедно е и претседател на Здружението и Отец Оливер Тантушев од Католичката црква во Охрид.

За да се финсансира и реализира проектот и неготвите активности имаме целосна поддршка од Бискупот Киро Сојанов од Католичката црква во Македонија и Митрополитот на Дебарско-Кичевската Епархија г-динот Тимотеј.

Визија

Да создадеме инклузивно општество каде секое лице, независно од неговите/нејзините способности и возраст, има еднаков пристап до услуги и ресурси и може да живее достојно и рамноправно.

Мисија

Да ги подобриме условите и квалитетот на животот на лицата со посебни потреби, интелектуална попреченост и старите лица. Нашата цел е да им обезбедиме пристоен, безбеден и достоен живот, да ги негуваме и да ги поддржуваме во секое  време и да им помогнеме да се интегрираат во општеството со полни права и слободи.

Помош за оние на кои им е најпотребна

НАШАТА ПРИКАЗНА

За остварување на своите цели Добротољубие 2014 има отворено Дневен Центар каде корисниците секојдневно преку низа на активности се дружат и учат и со тоа се придонесува кон создавање подобри можност за овие лица да живеат во инклузивна заедница каде што нивните права и потреби се разбираат и прифаќаат.

Дополнително Добротољубие 2014 има за цел да ја подигне свеста на јавноста за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со посебни потреби, интелектуална попреченост и старите лица.

На долг рок Добротољубие 2014 ќе основа посебен социјален сервис кој ќе испорачува социјални услуги во домот и социјални услуги во заедницата наменети за лицата со посебни потреби, интелектуална попреченост и старите лица. За овој сервис ќе добие Лиценца за работа од Министерството за труд и социјална политика.

Приоритет на здружението е своите услугите кои ќе се испорачуваат да бидат усогласени со стандардите на квалитет и процедурите кои се пропишани од страна на Министерството за труд и социјална политика.

people
people

Здружението Добротољубие 2014 при Црква Св.Георгиј, Охрид од своето основање работи на:

  • Од 2014 година секојдневно го раководи Дневниот Центар.Дневниот центар има 35 редовни корисници, кои се поделени во две групи (лица со попречености и посебни потреби и стари лица).
  • Организира рекреативенни активности и екскурзии.
  • Организира креативни работилници.
  • Организира дневна семејна одмена за семејствата кои своите најмили ги доверуваат на дневно згрижување.
  • Спроведува советување и меѓусебна поддршка помеѓу родители и други членови на семејството,како и пријателски средби и дружења на семејствата.
  • Работа со волонтери кои имаат љубов за работа со лица со посебни потреби, интелектуална попреченост и стари лица и кои во иднина ќе ја развиваат својата кариера во ова поле на работа.
  • Промоција на активностите за лицата со посебни потреби,интелектуална попреченост и старите лица.

Како непрофитна организација Здружението Добротољубие 2014 нема сопствени приходи. Од своето основање до денес во континуитет работи на самодржливост на здружението и успева да собере донации за непречено функционирање на активностите и Дневниот Центар.

 

Поддржано од

renovabis logo