Дневен Центар за лица со посебни потреби, интелектуална попреченост и стари лица -Добротољубие
ЗА ПРОЕКТОТ:
Општата цел на проектот е поддршка и развој на услуги за лицата со посебни потреби, интелектуална попреченост и старите лица во општина Охрид.
ВРЕМЕНСКА РАМКА:
Декември 2022- Ноември 2025
СП 1 Да се формира професионален Дневен центар за лица со посебни потреби, интелектуална попреченост и стари лица каде што корисниците ќе можат да добијат услуги што ќе им овозможат да стекнат вештини и компетенции за самостоен живот, рехабилитација и социјализација.
СП 2 Да се изградат капацитетите на Здружението Добротољубие 2014 за исполнување на критериумите и стандардите што ги бара Министерството за труд и социјална политика за да стане лиценциран давател на услуги.
Сакате ли да станете дел од нашите помагачи и да дознаете повеќе за можностите за помош

АКТИВНОСТИ:
Зајакнување на капацитетите на Здружението Добротољубие 2014 – Анализи, Организациски процедури, Развојни планови, Стартегии, Лиценца за социјални услуга.
Обуки – прилагодени програми за корисниците, проценки на потребите на корисниците, психо-социјална поддршка.
Организирање креативни работилници за корисниците на Дневниот центар.
Организирање екскурзии за корисниците на Дневниот центар.
Обуки за лиценцирање на негователи.
Лиценцирање на социјална услуга.
Промотивни активности, средби за вмрежување и подигнување на јавната свест за потребите на лицата посебни потреби, интелектуална попреченост и стари лица.
РЕЗУЛТАТИ:
Организирани креативни работилници во рамките на три годишниот план за работа.
Организирани тренинг сесиии за членовите на здружението и зајакнати капацитети за лобирање и застапување.
Организирани едукативни екскурии.
Обучени негователи за нега на лица со попречености и стари лица.
Здружението Добротољубие 2014 станува локален фактор за поддршка и промоција на лицата со попречености и старите лица и неговата видливост се зголемува.
Продлабочена соработка со локални бизниси, медиуми и поддржувачи.
Промоција на активностите од Дневниот Центар, запознаена поширока јавност со активностите на Дневниот Центар (преку ТВ,радио емисии, постови на социјални медиуми, учество на јавни настани).
Воспоставена соработка со сродни организации и институции и потпишани Меморандуми за соработка.
Добиена Лиценца за социјална услуга од МТСП.
Помош за оние на кои им е најпотребна
