Наша мисија е да помагаме

Наши програми

ПРОГРАМА ЗА АСИСТЕНЦИЈА, ПСИХО-СОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА НА ЛИЦА СO ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТИ И ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Со оваа програма придонесуваме за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и лицата со посебни потреби, независно и самостојно извршување на дел од секојдневните активности, нивна социјализација и учество во општественото живеење.
Преку низа на активности и поддршка од стручниот тим на здружението, корисниците во Дневниот Центар се вклучени во прилагодени развојни програми согласно индивидуалните потреби и капацитети.

people
people

ПРОГРАМА ЗА АСИСТЕНЦИЈА, ПСИХО-СОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА ЗА СТАРИ ЛИЦА

Ефикасен начин да се подржат старите лица е преку секојдневните активности и ангажмани да придонесеме кон нивно здраво и активно стареење. Во одредени ситуации старите лица можат да бидат особено ранливи, но исто така,тие се вреден ресурс за своите заедници тогаш кога се соодветно вклучени во општествениот живот. Програмата предвидува разивање на вонинституционална грижа за старите лица односно дневно згрижување, во вид на дневен престој,психолошка поддршка, исхрана, одржување на лична хигиена, организирање на културно-забавни и работни активности. Преку низа на активности и поддршка од стручниот тим на здружението, корисниците во Дневниот Центар се вклучени во прилагодени развојни програми согласно индивидуалните потреби и капацитети.

Помош за оние на кои им е најпотребна

Визија

Да создадеме инклузивно општество во кое, секое лице, независно од неговите/нејзините способности и возраст, има еднаков пристап до услуги и ресурси и може да живее достојно и рамноправно.

Мисија

Да ги подобриме условите и квалитетот на животот на лицата со посебни потреби, интелектуална попреченост и старите лица. Нашата цел е да им обезбедиме пристоен, безбеден и достоен живот, да ги негуваме и поддржуваме во секое време и да им помогнеме да се интегрираат во општеството со полни права и слободи.

Вести

Екскурзија мај 2025

Екскурзија мај 2025

Охрид-Корча-Струга-ОхридПрекрасно помината екскурзија,смеа,дружба со корисниците од проектот🥰🥰🥰

Поддржано од

renovabis logo
charity